Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.




Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди.




Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.




Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и е спремен да ја промени средината. Интерес за напаѓачот покажува и Њукасл, но тој преферира да се врати во Серија А.