Џанлуиџи Донарума во изминатата година доживеа многу турбулентен период во Милан, па неговата иднина и понатаму е главна тема на Апенините.
Денес талентираниот голман полни 19 години, а веќе има над 100 настапи во дресот на „росонерите“, што е навистина импресивен податок и покажува дека Донарума е еден од најголемите таленти во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, пред се Реал Мадрид и ПСЖ, па нејасно е дели Милан ќе успее да го задржи во своите редови.
Последните информации од Апенините говорат дека Милан веќе нашол замена за Донарума, а тоа е шпанскиот голман Пепе Реина.
Реина призна дека ја игра последната сезона во Наполи и на крајот на сезоната ќе ја промени средината, а медиумите тврдат дека веќе постигнал договор со „росонерите“.
Дали ваквиот потег на Милан значи дека се спрема за раделба со Донарума, или само бара втор голман за тимот, останува да видиме.
Verso domenica con determinazione!!??? pic.twitter.com/3vnW6Z0nha
— Pepe Reina (@PReina25) January 31, 2018