Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и повторно ќе се обиде на лето.
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината.
Сега ситуацијата во Челзи е драматична поради санкциите кои ги доби сопственикот Абрамович, па многу ѕвезди ќе го напуштат клубот на лето.
Милан сака да ја искористи ситуацијата, а покрај Зијех е заинтересиран и за Матео Ковачиќ.
Малдини сака да ги донесе двајцата фудбалери на „Сан Сиро“ и наскоро ќе започне преговори со нивните агенти.