Милан покажува силен интерес за нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесува „Скај Италија“.
23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Милан.
„Росонерите“ се во потрага по засилување на десната крилна позиција, а новиот спортски директор Монкада веќе почнал преговори со Виљареал.
Милан сака да ја победи конкуренцијата бидејќи е во потрага по десно крило и смета дека Чуквуезе одлично ќе се вклопи во стилот на Пиоли.
🗣 @DiMarzio: "#Chukwueze is #Milan's real target right now, the Rossoneri are trying very hard" pic.twitter.com/4JfgN5EQBZ
— Milan Posts (@MilanPosts) June 9, 2023