Дома Фудбал Италија Милан потврди: Мусакио ќе паузира два месеци!

Милан потврди: Мусакио ќе паузира два месеци!

Ситуацијата со повредени фудбалери во Милан е алармантна, а сега пристигна вест и дека повредата на Мусакио е потешка од очекуваното.

Мусакио се повреди на синоќешниот меч со Бетис, а денешните детални прегледи покажаа дека има повреда на лигаментите на коленото.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Аргентинецот ќе биде надвор од терените во наредните два месеци и ќе пропушти поголем дел од натпреварите.

Моментално Гатузо не може да смета на дури десет фудбалери, а прогнозите се дека само Гонзало Игуаин ќе се опорави за дербито против Јувентус.

Повредата на Мусакио е голем удар, бидејќи Милан веќе остана без Калдара во одбраната кој ќе мора да паузира околу 4 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Доби критики од Мбапе, па остана без настап на последните три натпревари

Франко Мастантуоно дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, а по сè изглед…