Милан по одлуката на ЦАС е вратен во Лига Европа, а сега италијанскиот великан ги официјализираше и новите промени во внатрешноста на клубот.
По состанокот на акционерите утринава соопштено е дека Паоло Скарони е нов претседател, и дека се сменети Марко Фасоне и Ли Јонгхонг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соопштението се наведува дека споменатиот тандем е променет поради правни причини, а дека со нив во пакет заминуваат и членовите на извршниот одбор, Дејвид Хан Ли, Лу Бо и Џу Реншо.
Ли стана претседател на Милан во април 2017. година, откако го купи клубот од Силвио Берлускони и веднаш на местото директор го постаи Марко Фасоне. Се очекува во следните денови Милан да добие и нов спортски директор, наместо Масимо Мирабели, и тоа би требало да биде Леонардо.
Миалн на новите играчи потроши 200 милиони евра, но набрзо беше изнесена информацијата дека новиот кинески сопственик позајмил пари по неповолни услови од компанијата Елиот Менаџмент.