Италијанскиот гигант Милан покажува силен интерес за шведскиот репрезентативец Лудвиг Аугустинсон, пренесуваат италијанските медиуми.
23-годишниот Аугустинсон игра на левата бековска позиција и ова лето од Копенхаген се пресели во Вердер Бремен, каде настапи на 16 од 17 меча во Бундес лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Раководството на Милан е спремно да понуди 15 милиони евра и сака да го реализира трансферот до крајот на јануарскиот преоден рок.
Аугустинсон веќе има 14 настапи за шведската репрезентација, а со своите партии во Вердер го привлече вниманието на многу гиганти ширум Европа.