Англиските медиуми пренесуваат дека Алваро Мората не е задоволен од престојот во Челзи и сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Наводно Шпанецот после финалето од ФА Купот и официјално ќе побара трансфер од раководството на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мората минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“, но не успеа да се вклопи доволно во клубот и англиската лига, притоа има носталгија за Италија.
Неговата жена е Италијанка, па приоритет на Мората е трансфер во Италија, каде интерес за него покажувата Јувентус и Милан.
Јувентус е спремен да го врати Мората во Торино, но сериозен интерес покажува и Милан, кој уште минатото лето инсистираше да го донесе напаѓачот на „Сан Сиро“.
Како што пренесуваат италијанските медиуму, „росонерите“ се спремни да ги продадат Андре Силва и Калиниќ и да испратат понуда од 65 милиони евра до Челзи за Мората.