Дома Фудбал Останато Милан победи, но Пиоли вчера направил еден срамен потег

Милан победи, но Пиоли вчера направил еден срамен потег

Eкипата на Милан вчера славеше победа против Славија Прага со 4:2 во рамките од осминафиналето во Лигата на Европа. Но, на овој натпревар тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли имал и еден неспортски потег.

Тренерот на Славија Прага, Јиндрих Трипишовски за таквиот потег на Пиоли зборуваше на прес-конференцијата по натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„По овој пораз носам горчина бидејќи игравме со играч помалку до 26. минута и успеавме да постигнеме два гола. Меѓутоа на крајот тоа ми стана неважно кога Стефано Пиоли само си замина во соблекувалната без да се поздрави со мене или со некој друг член на нашиот стручен штаб. Првпат во кариерата ми се случува вакво нешто и верувајте не знам која е причината затоа што ништо не се случи меѓу нас во текот на натпреварот“, откри Трипишовски.

Исто така тој е убеден и дека ќе слават победа во реваншот за седум дена.

„Убеден сум дека ќе победиме за седум дена во реваншот. Навивачите се тука да ни дадат неверојатна поддршка. Сигурно дека ќе биде тешко, но не е и невозможно“, заврши тренерот на чешкиот претставник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…