Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ ќе имаат голем буџет за трансфери во зимскиот преоден рок и веќе прават список на можни засилувања.
Првото големо засилување би трабало да пристигне од Челзи, а станува збор за бразилскиот репрезентативец Оскар, кој не добива голема минутажа кај Конте.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан е спремен да понуди 35 милиони евра за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека Челзи е спремен да ја прифати понудата.
Другото големо засилување би требало да пристигне во одбраната, а најголема желба на кинеските инвеститори е Диего Годин од Атлетико Мадрид. Уругваецот би требало да биде идеален партнер на Ромањоли, кој моментално е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Трансферот тешко дека може да се оствари во јануари, но Милан е спремен следното лето да ја активира откупната клаузула во договорот на Годин.