Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо работи на трансферот на Бразилецот, Бернард.
Бернард во моментов е слободен агент, откаку му истече неговиот договор со Шахтјор. Многу европски клубови го сакаат неговиот потпис, а неодамна се појави информација дека е блиску до трансфер во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо успеал да го убеди Бразилецот да ја прифати понудата на Милан, па моментално „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Милан има потреба од засилувања на крилните позиции, па 25-годишниот Бернард би бил одлична алтернатива за Сусо.