Милан минатото лето се обиде да го донесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ во своите редови, но српскиот репрезентативец на крајот остана во Лацио.
Познато е дека спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо е голем симпатизер на играта на Милинковиќ-Савиќ и ќе направи се за да го донесе на „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Апенините открија дека Милан минатото лето понудил 120 милиони евра за Србинот, но претседателот на Лацио ги одби сите понуди и на крајот Милинковиќ – Савиќ потпиша нов договор со римскиот клуб.
„Калчомеркато“ пренесува дека СМС останува главна трансфер цел на Милан за следното лето. „Росонерите“ ќе прават реконструкција на средниот ред и сакаат да донесат две големи засилување во таа зона.
На Монтоливо, Бертолачи и Хосе Маури им истекуваат договорите и сигурно ќе го напуштат „Сан Сиро“. Бакајоко стана важна алка во тимот на Гатузо и најверојатно ќе биде откупен, но главната цел останува Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Леонардо е во постојан контакт со неговиот агент Матија Кежман и веќе работи на трансферот со цел да ја победи конкуренцијата бидејќи за Србинот силен интерес покажуваат уште Јувентус и Пари Сент Жермен.
СМС оваа сезона игра под сите очекувања и јасно е дека и самиот ќе сака промена на средината, но „росонерите“ се надеваат дека после слабата сезона неговата цена ќе падне и дека ќе можат да го договорат трансферот за цела под 100 милиони евра.
#Milan, #MilinkovicSavic è la priorità https://t.co/qSGeyPGrtr pic.twitter.com/6SF1bKAyoX
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 12, 2019