Гонзало Игуаин нема да биде единствено засилување во нападот на Милан. „Росонерите“ се на чекор од уште едно големо засилување.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за Бразилецот Бернард и веќе се во поодминати преговори за негов трансфер на „Сан Сиро“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бернард е слободен агент откако му заврши договорот со Шахтјор, а неговиот агент моментално е во Милано и вчера имаше состанок со Леонардо.
Медиумите тврдат дека Бернард го избрал Милан и дека во наредните денови ќе бидат договорени последните детали од договорот.
Бразилецот терба да потпише 4-годишен договор со „росонерите“ според кој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Милан беше во потрага по крилен напаѓач, а 25-годишниот Бразилец би се вклопил одлчно со оглед на фактот дека може да игра и на левата и на десната страна.