Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на централен напаѓач, а на врвот на списокот е токму Армандо Броја.




21-годишниот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемтон каде одигра одлично и го привлече вниманието на „росонерите“.




Оваа сезона е во Челзи, но не добива голема минутажа, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе на „Сан Сиро“.




Неговиот агент веќе имал средба со Малдини и напаѓачот е отворен за преселба во Милано, а Челзи за неговата слобода бара 35 милиони евра.




Броја е роден во Англија, но има албански корени и настапува за албанската репрезентација.
📰 @86_longo: #ACMilan lay groundwork over €35m-rated Chelsea man who would accept movehttps://t.co/m2kp5RHgn5 #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) October 20, 2022