Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се сериозно заинтересирани за играчот за врска на Ливерпул, Фабињо.
Фабињо ова лето пристугна на „Енфилд“ од Монако како големо засилување, но до сега не ги оправда очекувањата и изненадувачки доби шанса за настап само на седум натпревари сезонава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поливалентниот играч за врска не е задоволен од својот статус во Ливерпул и сака да ја промени средината, па италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.
Милан е во потрага по замена за повредениот Бонавентура, додека Јувентус бара замена за Емре Чан чие враќање на терените е неизвесно.
Меѓутоа „црвените“ нема лесно да се откажат од фудбалерот за кого ова лето потрошија 45 милиони евра.
https://youtu.be/awHcYPpv8Hs