Дома Топ вести Милан и Јувентус работат на спектакуларна трампа

Милан и Јувентус работат на спектакуларна трампа

Милан и Јувентус во последните години имаат одлична соработка, а италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба работат на нова зделка во моментов.

Имено, Милан и Јувентус започнаа преговори за трампа која треба да се реализира до крајот на зимскиот преоден рок. Така што Лукас Пакета ќе се пресели во редовите на италијанскиот шампион, а Милан за возврат ќе го добие Федерико Бернардески.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Пакета оваа сезона не се вклопува во формацијата на тренерот Пиоли, па во последно време ја грее клупата и побара од клубот да му биде дозволен трансфер. Бразилецот минатиот јануари пристигна на „Сан Сиро“ и веднаш ги покажа своите квалитети.

Од друга страна Бернардески не добива минутажа кај Маурицио Сари и сака да ја промени средината за да биде во конкуренција за Европското првенство, па поради тоа двата клуба работат на трампа.

Двајцата фудбалери веќе дадоа согласност за трансферот, во моментов клубовите преговараат за сумата која што Милан треба да ја доплати на „старата дама“ бидејќи во моментов вредноста на Бернардески е малку поголема од онаа на Пакета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…