Милан и Интер без проблеми остварија победи против Сасуоло односно Специја и ја продолжија битката на врвот.
Милан запиша голема победа на незгодното гостување кај Сасуоло, бидејќи играше со десеткуван тим и без неколку првотимци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште на самиот старт „росонерите“ поведоа со најбрзиот гол во историјата на Серија А откако Леао погоди после само 6 секунди.
Милан доминираше во првото полувреме и набрзо постигна втор гол преку Чалханоглу, кој беше поништен поради офсајд.
На средината на првиот дел Тео Хернанес имаше одличен продор преку целиот терен и му ја сервираше топката на Салемакерс за 2:0. Милан ја контролираше играта во вториот дел, а во 89-та минута Хауге си постигна автогол.
Интер немаше големи проблеми и рутински ја совлада Специја (2:1) со головите на Хакими и Лукаку, па разликата на врвот остана еден бод.