Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.
Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека Мино Раиола утре ќе допатува во Милано и ќе има средба со раководството на „росонерите“.
Милан со новиот договор спрема значително зголемување на платата и ќе го направи Донарума најплатен играч во тимот со 8 милиони евра по сезона.
Проблем во преговорите е што Раиола инсистира во договорот да биде ставена откупна клаузула и тоа од 30 милиони евра.
Милан не се согласува со тоа, па медиумите тврдат дека двете страни во овој момент се далеку од постигнување на договор.