Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 19-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.
Младиот холандски напаѓач ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 20 гола и запиша 13 асистенции во 35 одиграни меча оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ ова лето.
Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, а „росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент, Мино Раиола.
Интерес за напаѓачот покажува и Барселона бидејќи Куман одлично го познава Холанѓанецот и сака да го донесе на „Камп Ноу“.