Дома Трансфер зона Милан и Атлетико испратиле понуди за Марсијал – Мурињо кажал НЕ

Милан и Атлетико испратиле понуди за Марсијал – Мурињо кажал НЕ

Во летниот преоден рок многу се шпекулираше за иднината на Антони Марсијал и се очекуваше да го напушти Манчестер Јунајтед, но Французинот сепак остана на „Олд Трафорд“.

Марсијал не е задоволен од статусот кој го има на „Олд Трафорд“ и сакаше да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Француските медиуми откриваат дека најконкретен интерес за него покажале Милан и Атлетико Мадрид, но Манчестер Јунајтед ги одбил понудите бидејќи не можел да најде адекватна замена.

Проблем за „црвените ѓаволи“ е што договорот на Марсијал истекува на крајот на сезоната, а напаѓачот одбива да ја продолжи соработката со англискиот гигант.

Поради тоа постои реална опасност Марсијал да замине без обештетување следното лето или во јануари да биде продаден за сума која сигурно ќе биде помала од неговата реална вредност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…