Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Аталанта би можеле да направат интересна трампа на фудбалери ова лето.
Аталанта игра уште една фантастична сезона и продолжи со трендот на промовирање на млади фудбалери. Еден од оние кои оваа сезона го привлекоа вниманието кон себе е левиот бек, Тимоти Кастањ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот интернационален игра одлично во Серија А и го привлече вниманието на многу големи клубови, а Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“.
Спортскиот директор Леонардо смета дека Кастањ би бил идеална алтернатива за Родригез и е спремен на Аталанта да и предложи размена со Диего Лаксалт.
Уругваецот пристигна минатото лето во Милан од Џенова за 18 милиони евра, но главно е резерва кај „росонерите“, а тренерот на Аталанта Гасперини одлично го познава и го сака во својот тим.
Милан веќе стапил во контакт со агентот на Кастањ и ги започнал преговорите за негов трансфер на „Сан Сиро“.
Mercato Milan: Leonardo segue Castagne, pronta una contropartita https://t.co/Sp9yl6vg6u pic.twitter.com/MS9jY7RVs1
— Milan – News Mondo (@milannewsmondo) April 12, 2019