Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за ѕвездата на Марсеј

Милан испрати понуда за ѕвездата на Марсеј

Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.

Договорот на Камара истекува следното лето, па поради тоа Марсеј мора да го продаде, а Милан испратил понуда од 12 милиони евра.

Марсеј првично бараше 20 милиони, но сега ја намалил цената на 15 милиони, па се очекува двете страни наскоро да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…