Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Лукас Васкез.
Лукас Васкез следниот месец ќе биде слободен агент, а нема најави дека може да ја продолжи соработката со Реал Мадрид.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Росонерите“ веќе ги започнале преговорите со неговиот агент и сакаат што е можно побрзо да постигнат договор за да ја победат конкуренцијата.
Милан е спремен да му понуди 3-годишен договор според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Васкез е заинтересиран за преселба на „Сан Сиро“, но ќе почека во следните две недели дали Реал ќе сака да му понуди нов договор кога ќе пристигне новиот тренер.