Дома Топ вести Милан има нова трансфер мета

Милан има нова трансфер мета

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Оливие Жиру.

Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Росонерите“ веќе започнале преговори и агентот на Гименез неодамна бил во Милано на средба со раководството.

Прва желба останува Зиркзе од Болоња, но конкуренцијата за Холанѓанецот е голема, па поради тоа Милан сега ќе се насочи на Гименез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…