Дома Фудбал Италија Милан закажа состанок со Раиола, главна тема е Донарума

Милан закажа состанок со Раиола, главна тема е Донарума

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Договорот на Донарума со Милан истекува во јуни 2021 година, па „росонерите“ сакаат што побрзо да го решат прашањето околу новиот договор.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.

„Скај Италија“ пренесува дека Мино Раиола следната недела ќе допатува во Милано и ќе има средба со раководството на „росонерите“.

Милан со новиот договор спрема значително зголемување на платата, но тешко дека ќе понуди 10 милиони евра кои ги бара Раиола.

Следуваат тешки преговори помеѓу двете страни, но се очекува иднината на Донарума да биде решена во следните два до три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Платен беше 100 милиони евра пред две години. Денес не игра фудбал

Во јануари 2023 година, кога Челзи издвои околу 100 милиони евра за Михајло Мудрик, малкум…