Дома Топ вести Милан дефинитивно го избра наследникот на Ибра

Милан дефинитивно го избра наследникот на Ибра

Весникот „Тутоспорт“ пренесува дека главна трансфер цел на Милан следното лето ќе биде напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.

Милан во 2017 година понуди 60 милиони евра за Белоти, но Торино тогаш ја одби понудата и напаѓачот се уште го носи дресот на „биковите“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Торино оваа сезона се бори за опстанок, а Белоти е единствена светла точка во тимот, но веќе го известил раководството дека сака да ја промени средината.

Познато е дека Белоти е голем навивач на „росонерите“, а Милан се уште покажува интерес за неговиот потпис.

„Тутпоспорт“ пренесува дека без разлика дали Ибрахимовиќ ќе остане уште една сезона, Белоти ќе биде првата трансфер цел следното лето. Моменталната цена на италијанскиот репрезентативец изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…