Дома Трансфер зона Милан го продава големото промашување

Милан го продава големото промашување

Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.

Милан за неговиот потпис плати 35 милиони евра, а Де Кетеларе важеше за еден од најголемите белгиски таленти.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Белгиецот воопшто не се вклопи во Серија А и ја грееше клупата за резерви, па Милан е спремен да го продаде ова лето, а интерес за него покажуваат Астон Вила и Њукасл.

Премиерлигашите испратиле понуди од 25 милиони евра, но Милан за неговата продажба сака да добие 30 милиони евра.

Сепак, преговорите продолжуваат и се очекува во наредните денови клубовите да дојдат до договор и Де Кетеларе да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…