Дома Топ вести Милан го „краде“ талентот на Барселона

Милан го „краде“ талентот на Барселона

Милан е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Барселона, Алехандро Балде, пренесува „Калчомеркато“.

Балде е продукт на школата на Барселона и оваа сезона игра за првиот тим, па доби дури и повик за Мундијалот во Катар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Балде оваа сезона запиша 17 настапи за Барселона, на кои постигна 3 асистенции, па на 18 години дебитираше за Шпанија на Мундијалот.

Инетресно е што Балде нема се уште професионален договор со Барселона, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

Балде има договор со Каталонците до 2024 година, па Барселона сигурно нема лесно да го пушти и сака да „блиндира“ со долгогодишен професионален договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…