Милан ова лето го доведе Тиму Бакајоко на едногидишна позајмица од Челзи, но Французинот до сега не ги оправда очекувањата.
24 годишен фудбалер запиша само четири настапи во Серија А, а неговите натпревари беа катастрофални. Во италијанските медиуми веќе се пишува дека Бакајоко уште во јануари ќе биде вратен во Челзи бидејќи „росонерите“ сериозно размислуваат да го раскинат договорот за негова позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе пронашле замена за Французинот, а станува збор за игачот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте.
23-годишниот Шпанец не добива шанса од тренерот Лопетеги и сака да ја промени средината, а „росонерите“ се спремни да ја искористат таквата ситуација.
Наводно Милан ќе се обиде да го донесе играчот за врска на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
#Milan – Dal #RealMadrid arriva #Llorente? ??https://t.co/lx3LP2IQ0G
— calciomercato.it (@calciomercatoit) October 15, 2018
https://youtu.be/JciX5n1WPuA