Дома Фудбал Италија Милан без напаѓач против Манчестер, Ибра стартува од клупа

Милан без напаѓач против Манчестер, Ибра стартува од клупа

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има големи кадровски проблеми пред мечот со Манчестер Јунајтед.

Поради повреда во последен момент од тимот од паднаа капитенот Ромањоли, Давиде Калабрија, Рафаеил Леао и Анте Ребиќ, а од поодамна беше познато дека натпреварот ќе го пропушти Манџукиќ.

Добрата вест за „росонерите“ е дека Ибрахимовиќ и Бенасер се вратија во тимот, но и двајцата ќе бидат на клупата, бидејќи не можат да одиграат цел натпревар.

Тоа значи дека Милан вечерва ќе стартува без централен напаѓач, па Кастиљехо ќе игра како „лажна деветка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Комо добива напаѓач од 45 милиони евра

Комо е на чекор од големо засилување, бидејќи постигна договор за трансфер на напаѓачот на…