Дома Трансфер зона Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец

Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец

Миланските гиганти Милан и Интер веднаш ја започаа битката за новиот италијански репрезентативец, Матео Ретеги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.

Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а поради италијанските корени одлучи да игра за Италија.

Синоќа дебитираше за „аѕурите“ против Англија и постигна гол на своето деби, а остави и одличен впечаток.

Милан и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па останува да се види кој ќе излезе како победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…