Италијанските гиганти Интер и Милан покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.
Англискиот гигант ги одби сите понуди за трансфер или позајмица на 29-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, на лето се спремни да го продадат бидејќи Линделоф влегува во последната година од договорот и сака да ја промени средината.
Миланските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се во потрага по искусен дефанзивец, а цената на Линделоф нема да биде висока, па ќе се борат за неговиот потпис.
💣❗🇸🇪 #MUFC 🔴❗
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) March 22, 2024
Inter Milan and AC Milan continue to be linked with Manchester United's Swedish defender Victor Lindelof. pic.twitter.com/RBniL1ALBl