Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер се силно заинтересирани за голманот на Удинезе, Хуан Мусо.
Голманот на Удинезе прими дури седум гола против Аталанта, но и покрај просечните настапи на неговата екипа, успеа да ја зачува мрежата на четири меча во Серија А од стартот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинецот има 25 години, па најдоброто од него допрва се очекува, а токму поради тоа се заинтересирани и гигантите од Милано за неговиот потпис.
Самир Хандановиќ е солиден, но веќе е во поодминати години, па Интер бара валидна алтернатива за него.
Од друга страна иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан се уште е неизвесна, па „росонерите“ во Мусо гледаат негова замена.