Кошаркарите на Цибона вечерва ја остварија третата победа во новата сезона во регионалното натпреварување, бидејќи вечерва славеа против МЗТ во Скопје со 83:76.
По рамноправната битка во првата четвртина, интересно беше продолжението во вторите десет минути. МЗТ предводен од Трајковски поведе со осум поени разлика, а потоа следеше фуриозна серија тројки за Загречаните, кои екпресно преку серија 14:0 создадоа шест поени предност.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, повторно следеше „резултатска нишалка“, но Цибона не дозволи да изгуби, преземајќи го водството кон средината на третата четвртина кое го оддржуваше до крај.