Дома Останати Кошарка МЗТ декласиран од Партизан

МЗТ декласиран од Партизан

Кошаркарите на МЗТ добија дебакл од белградски Партизан во рамките на второто коло, во регионалната АБА лига со 62-93.

МЗТ одигра катастрофално во одбраната, а во нападот владееше вистинска анархија, без јасна поставеност на нападите, сѐ се сведуваше на индивидуални акции. МЗТ катастрофално шутираше од поле, 36 отсто за два и само 13 отсто за три (4/30).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На спротивната страна екипата која од клупата ја предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, со јасна цел и план влезе во натпреварот, одбраната гранитна, а нападот го водеше одличниот Хачер.

Концепцијата на МЗТ, Партизан ја растури уште во првата четвртина кога со серија од четири тројки прв пат стекна двоцифрена предност (9-20). Од тој момент „црно белите“ константно ја зголемуваа предноста, плус 23 на полувреме (25-48), а во еден момент во последната четвртина разликата изнесуваше 38 поени.

Партизан погоди 11 тројки од 23 обиди, а за два поени реализираше 69 отсто од обидите.

Тејмс со 20 поени и Мејси со 15 поени и 12 скокови единствени заслужија преодна оценка кај МЗТ, додека Партизан го предводеше триото Хачер со 21, Бирчевиќ со 19 и Маринковиќ со 16 поени.

Наредниот меч МЗТ ќе го одигра веќе в четврток, кога во Загреб ќе гостува кај Цедевита, а Партизан ден подоцна ќе ја пречека Цедевита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Погледнете што правеше Дончиќ против Сакраменто, сепак не беше доволно! (Видео)

Со слободно фрлање на Исак Џонс во последната секунда, тимот на Сакраменто Кингс ја освои …