Флојд е предизвикан, а освен на социјалните мрежи, желбата да се бори против Конор ја потврди и со изјава во медиумите.
Мејведер кој има 41 година и е без пораз во кариерата се прости во спектаклот против Мекгрегор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Или барем сите така мислеа, додека Нурмагомедов не го победи Конор и го предизвика Мејведер. Дагестанецот сака да се бори, а Флојд без проблем го прифати предизвикот.
„Тој ме предизвика и мора да дојде во боксерскиот ринг“, изјави Мејведер кој го победи Мекгрегор и заработи огромна сума во спектаклот.
Нурмагомедов, добро ги користи рацете, но против боксерот кој има скор 50:0 сигурно нема да му биде лесно.
Колку би вредела нивната борба?
„Сигурно повеќе од онаа со Конор, претпоставувам околу 200 милиони евра“, изјави славниот боксер.
Изгледа дека на повидок е нова борба и нови астрономски суми.