Дома Трансфер зона Меси ја одби понудата од Саудиска Арабија

Меси ја одби понудата од Саудиска Арабија

Иднината на Лео Меси е главна тама, откако Аргентинецот одби да го продолжи договорот со ПСЖ и на лето ќе биде слободен агент.

До Меси пристигна богата понуда од саудискиот клуб Ал-Хилил тешка 400 милиони евра по сезона, но Аргентинецот ја одбил.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според аргентинските медиуми, тој одлучил да остане во европскиот фудбал и најверојатно се враќа во Барселона.

Аргентинскиот „Тик Спорт“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата со која ќе беше најплатен фудбалер во историјата.

Доколку ја прифатеше понудата на Ал-Хилал, Меси секој ден ќе заработуваше по 1,1 милион евра или 33,33 милиони евра месечно.

Потсетуваме, Роналдо во јануари ја прифати понудата на Ал-Наср и се пресели во Саудиска Арабија каде заработува 250 милиони по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …