Дома Трансфер зона Меси јавно го покани Гризман: Тој е еден од најдобрите!

Меси јавно го покани Гризман: Тој е еден од најдобрите!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси даде изјава за Антоан Гризман со што дополнителни ги засили шпекулациите за трансфер на Французинот на „Камп Ноу“.

Веќе подолго време медиумите тврдат дека Гризман постигнал договор со Барселона и дека Каталонците ќе ја платат неговата откупна клаузула од 100 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Очигледно дека ми се допаѓа. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов. Немам поим дали има нешто со него или не, но ние сме задоволни кога најдобрите играчи доаѓаат во Барса, а Гризман е еден од нив“, изјави Меси, кој додаде дека е задоволен од сезната која заврши со двојна круна за Каталонците.

Вчера каталоснки „Спорт“ потврди дека Гризман ќе потпише 5-годишен договор со Барселона и дека ќе биде втор најплатен фудбалер на „Камп Ноу“ веднаш после Лео Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…