Дома Фудбал Останато Меси уште не дебитирал за Интер Мајами, а над пет милиони луѓе наседнаа на негов „деби гол“

Меси уште не дебитирал за Интер Мајами, а над пет милиони луѓе наседнаа на негов „деби гол“

Лионел Меси се уште не дебитирал за Интер Мајами и тоа се очекува да се случи некаде на средината или крајот на јули, но на интернет може да се пронајде видео кое ни кажува и дека Аргентинецот го постигнал деби голот за МЛС тимот.

Немаше да биде ништо чудно, ако оваа измама не собереше над пет милиони прегледи на „Youtube“. Во видеото е натпревар на Барселона во розеви дресови против Жирона. Но, во исто време горе лево стои резултат како да игра Интер Мајами со Филаделфија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во описот на видеото стои дека станува збор за монтажа, меѓутоа со насловот тоа собра околу 5.3 милиони прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…