Дома Топ вести Меси сонува да се врати во Барселона

Меси сонува да се врати во Барселона

Лионел Меси сонува да се врати во својата сакана Барселона, пишува каталонскиот новинар Жоан Фонтес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој го опиша патот по кој се доаѓа до затоплување на односите помеѓу аргентинската ѕвезда и каталонскиот гигант.

А церемонијата за доделување на „Златната топка“ Меси одби да има било каков контакт со членовите од раководството на Барселона. Меѓутоа, Чави е во постојан контакт со Меси, па Аргентинецот почнал да има телефонски разговори со некои членови од бордот на директори како Алесандро Ечеверија.

Лапорта исто така му се јавил на Меси и му се извинил за целата ситуација, а малку подоцна Аргентинецот пристигна во градот и беше на вечера со своите пријатели Бускетс и Алба.

Семејството на Меси исто така сака да се врати во Барселона каде живеаа долги години и го сакаат градот.

Меси одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, но на Барса ќе и биде многу тешко да ја израмни понудата. Сепак, Лапорта не се откажува и прави планови, а добрата вест е што односите се затоплуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…