Се погласни се шпекулациите за враќање на Лионел Меси во Барселона.
На Аргентинецот ова лето му завршува договорот со ПСЖ, а според случувањата во Париз, речиси е сигурно дека нема да ја прифати понудата за нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот вчера ги изненади сите со слетувањето на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Меси пристигна во придружба на семејството и најблиската придружба.
„Лео Меси е во Барселона во моментов, со целото негово семејство и сите негови агенти, со неговиот комплетен тим“, откриваат тамошните медиуми.
Медиумите пишуваат дека Меси слетал со 15 куфери, што е интересно. Неговата семејна куќа е во Барселона, па многумина сметаат дека се спрема за враќање.