Лионел Меси оваа недела ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, пренесуваат голем дел од француските медиуми.
Бројни новинари денеска пишуваат дека Меси ги договорил сите услови со раководството на парижаните и дека сега по враќањето во Париз ќе го официјализира своето останување во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси прифати да остане во Париз барем уште една сезона, се очекува да потпише нов договор 1+1 исто како кога пристигна летото 2021 година од Барселона.
Аргентинецот целосно се прилагоди на градот Париз и тимот, смета дека има големи шанси да ја освои Лигата на шампионите и веројатно не му било тешко да ја донесе одлуката за останување.
По освојувањето на Светското првенство, Меси реши да продолжи да настапува за аргентинската репрезентација, но и да остане во европскиот фудбал.
Со потписот Меси ќе стави крај на сите шпекулации поврзани со неговата иднина кои се појавуваа во изминатиот период.