Лионел Меси ќе биде конкурент за наградата дебитант на годината во МЛС, иако одигра само шест првенствени натпревари за Интер Мајами, а неговиот тим не се пласираше во плеј-офот.
Аргентинскиот напаѓач (36) му се приклучи на клубот во јули. Тој постигна 11 гола во сите натпреварувања, помагајќи му на Мајами да го освои воведниот Лига куп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За жал на Интер Мајами, но и публиката која доаѓа на натпреварит во МЛС, Меси имаше повреда во клучниот период, па Интер Мајами без него не успеа да оствари важни победи и да обезбеди место во плеј-офот.
Преостанатите конкуренти за оваа награда се: Јоргос Јакумакис од Атланта и играчот од средниот ред на Сент Луис Сити, Едуард Ловен.
Место не добија соиграчите на Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.