Ѕвездата и капитен на Барселона, Лионел Меси планира да излезе на пресконференција во следните денови и да ја разјасни целата ситуација околу себе си, пренесува „Спорт“.
До овој момент Аргентинецот молчи и не огласија јавно и одбива да даде изјави за медиумите.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Пред два дена Меси испрати факт со Барселона со кој бара предвремен раскин на договорот и заминување од клубот.
Тоа предизвика голем „потрес“ во Барселона и веднаш започнаа шпекулациите за неговата иднина.
Се уште не е познато дали Меси ќе излезе со официјално соопштение до јавноста преку социјалните мрежи или ќе зборува на пресконференција.