Дома Фудбал Останато Меси искрено: Не помислував да ја напуштам Барса, бев очаен!

Меси искрено: Не помислував да ја напуштам Барса, бев очаен!

Денес излезе долго најавуваното интервју за Лионел Меси за „Франс Фудбал“, во кое аргентинскиот ас си ја отвори душата.

Меси откри детали од неговото заминување од Барселона, истакна дека воопшто не го очекувал тоа и бил очаен.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Барса излезе со соопштение во кое се велеше дека не можам да останам. Во тој момент почнав да се преиспитувам дали ќе можам да се вратат на своите фудбалски активности, дали ќе можам да изберам тим кој ќе се вклопи во мојата кариера. Искрено, во ниту еден момент не помислував дека ќе морам да си одам. Дојдов на тренинзи по одморот, а потоа ми кажаа дека не можам да останам. Бев очаен, признавам дека никогаш во животот не можев да се замислам во друга соблекувална“, истакна Меси.

Аргентинецот открива дека имал многу понуди, но брзо се договорил со Пари Сент Жермен.

Добив и други понуди, но мора да признаам дека преговорите со ПСЖ беа лесни и брзи. Бев воодушевен од проектот, амбициите на клубот и играчите и сето тоа ми го олесни изборот. Благодарен сум му на ПСЖ кој ме почитуваше и се грижеше за мене од првиот ден. Покажа дека навистина ме сакаат во нивниот тим и сега сум среќен што сум тука“, открива Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…