Дома Фудбал Останато „Меси игра добро само кога ќе го пуштат да игра“

„Меси игра добро само кога ќе го пуштат да игра“

Дебатата за тоа кој е подобар – Роналдо или Меси и понатаму трае и сигурно никогаш нема да го добие својот конечен заклучок.

Едноставно оние кои повеќе го сакаат Роналдо сметаат дека тој е подобар без оглед на се, а таков е случајот и со фановите на Меси.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Тука се и оние кои препорачуваат што треба да направи едниот или другиот за да го носи епитетот најдобар.

Сега се јави и легендарниот аргентински чувар на мрежата Хуго Гати кој своевремено ги бранеше боите на најголемите аргентински ривали Бока и Ривер.

„Меси не може да се споредува со Кристиано Роналдо, Марадона или Пеле се додека не се докаже во некој друг клуб покрај Барселона. Додека он игра дома, каде што се навикна и каде што му е удобно, Роналдо отскокна во најголемиот светски клуб. Меси мора да собере храброст и да тргне по тој пат, нека покаже дека во Реал може да успее или пак некаде на друго место. Во спротивно за мене ќе биде само еден во морето играчи“.

„Можеби звучи како да сум противник на Аргентина, но Меси мора да се докаже во големите натпревари, а не само кога има комфор. Меси добро игра кога ќе го пуштат да игра“, изјави Гати.

Сепак, оваа негова изјава баш и не е на место бидејќи многу пати сме виделе во дресот на Барселона како Меси решава големи натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…