Лионел Меси е спремен повторно да го облече дресот на Барселона, но само при еден услов тврди „Национал“.
Аргентинската ѕвезда сака да работи со својот поранешен соиграч Чави Ернандес. Двајцата се во постојан контакт и Чави прави се што е во негова моќ да го убеду Меси на лето да се врати на „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чави врши добра работа на кормилото на Барселона и раководството има доверба во него, но Меси ќе настојува да добие гаранции дека Чави ќе продолжи да го води тимот.
Аргентинецот игра одлична втора сезона во ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната.
Тој сега е целосно фокусиран на Светското првенство, а конечната одлука ќе ја донесе во наредните месеци.