Репрезентациите на Аргентина и Нигерија следниот месец нема да одиграат пријателски натпревар во Гуангжу, бидејќи властите на тој град решија да го откажат натпреварот.
Причината за тоа е Лионел Меси, односно гневните навивачи кои би можеле да му се одмаздат на Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси пред неколку дена го пропушти пријателскиот натпревар во Хонг Конг, а потоа играше на мечот во Јапонија, па кинеските медиуми, политичари и навивачи го нападнаа Аргентинецот.
Организаторите на натпреварот во Хонг Конг најавија дека ќе вратат половина од парите од заработката на билетите за натпреварот меѓу Интер и репрезентацијата на Хонг Конг, бидејќи Меси не играл.
Се уште не е познато дали ќе биде откажан и вториот натпревар на Аргентина на кинеско тло во тој период, против Брегот на Слоновата коска во Пекинг.