На денешната прес-конференција на која Меси се простуваше од Барселона вети дека ќе се врати и ќе се прости пред полн стадион.
Меси даде ветување, но потенцираше дека тоа нема да биде исто како кога би се случило сега кога заминува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Да го посакувам тоа, но тоа не би било исто како сега кога заминувам. За овие луѓе и навивачи секогаш ќе бидам тука“.
Што очекува од кариерата?
„Тоа многу ќе зависи од моето здравје, до сега во кариерата немав тешки повреди, но никогаш не знаеш што може да се случи, еден момент може многу да промени. Да не се игра за Барселона ќе биде тешко, но јас секогаш ќе се борам за титули“.
„Сакам да освојам уште една Лига на шампионите затоа што не ја освоив во последните години. Не жалам за ништо, јас секогаш давав се од себе. Сигурно дека со Барса можевме до уште една Лига на шампионите, но тоа е тоа. Ја завршувам кариерата во Барселона со многу титули“, изјави Меси.