
Меси ја одбил првата понуда на ПСЖ за продолжување на договорот, пренесува еминентниот „Екип“.
Аргентинецот не е задоволен од новите финансиски параметри и одбил да го продолжи преговорите со „светците“, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Пред Мундијалот двете страни имаа начелен договор за продолжување на соработката за уште една сезона, но сега работите се променија.
Лео Меси нема да прифати едногодишно продолжување на договорот бидејќи ПСЖ сакаше да наметне намалување на неговата плата за да избегне проблеми со финансискиот фер-плеј.
Клубот од Париз нема да се откаже и ќе инсистира двете страни сепак да најдат компромис и да ја продолжат соработката, но Меси сериозно размислува за промена на средината.